Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

ONLINE РЕЗЕРВАЦИЈА


За Пролом Бања

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8-9,2), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна. Со желба да Ви го доближиме овој единствен дар на прородата, овозможивме секаде во хотелот да бидете во контакт со Пролом водата.

На лековитата Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината.

Комплексот на хотелот Радан обедини во себе сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, содржини за рекреација, забава и излети. Ако сакате простор за работа во мирен амбиент, за Вас обезбедивме сали за состаноци со сета потребна опрема.

Било да доаѓате на лекување или одмор, деловни средби или едноставно на релаксација во природа, својот престој можете да го дополните со Wellness третмани, релаксирање во затворениот и отворените базени, ручек во "Етно ресторанот", излети до Ѓаволја Варош, црквата Лазарица и другите културни туристички атракции на Топличкиот округ.

Посебна погодност: користењето на базените на отворено и во затворен простор, како и на спортските терени, е засметано во цената на Вашиот аранжман.

o banji