Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

Рекреација



Ако сакате своето слободно време да го поминете активно, Пролом Бања Ви нуди спектар разни можности за рекреација. Во комплексот на хотелот Радан на располагање Ви стојат базени на отворено и во затворен простор, спортски терени за мали спортови и шах на отворено.

Службата за рекреација во Пролом Бања секојдневно организира вежби на отворено и прошетки по "патеките на здравјето" и во околината на бањата. Исто така, со нашите физиотерапеути можете секој ден да вежбате во вода.

Пролом Бања е идеално место и за семеен одмор со деца на сите возрасти . На располагање имате простор за играње со аниматор, како и разни содржини кои Вам и на Вашите деца ќе им овозможат целосно уживање.

Во текот на целата година се одржуваат музички вечери, Етно коктели, настапи на културно-уметнички друштва, гостувања на театри, поетски вечери, изложби и други културно-уметнички содржини.