Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

Излети



За гостите на хотелот во Пролом Бања повеќепати неделно се организираат излети во придружба на бањски водач до локалитетите во нејзината поблиска и подалечна околина:

Ѓаволја Варош:
Локалитетот Ѓаволја Варош е оддалечен 27 км од Пролом Бања. Локалитетот е под заштита на државата како Споменик на природата од I категорија и истовремено е единствен претставник на Србија во изборот за "7 светски чуда на природата".

Црвата Св. Преображење во Пролом Бања:
Црквата Св. Преображење се наоѓа на плато наспрема хотелот Радан . До неа се стигнува преку атрактивен пешачки мост. Изградена е во 2013 година, со благослов на Патријархот на Српската православна црква Иринеј. Од ова плато се укажува величествен поглед на целата бања. Под црквата по скали се стигнува до Етно крчмата, a понатаму по пешачката патека до црквата Лазарица.

Црква Лазарица:
Црквата Лазарица е оддалечена 2,4 км од хотелот. Обновена е во 1890. година и тоа е единствена црква од балвани во Топличкиот крај. Според народното предание, кај оваа црква се причестил дел од војската на кнез Лазар спроти Косовската битка. Во портата на црквата има 6 стебла свиткани сливи, кои претставуваат посебен раритет.

Погон за полнење шишиња со Пролом вода:
Излетот до погонот за полнење шишиња со Пролом вода подразбира прошетка по патеката на здравјето и им овозможува на гостите да се запознаат со начинот на полнење шишиња со вода и да го доживеат целиот процес како Пролом водата од 220 м длабочина ,со својот непроменет состав, наполно природно од ова место доаѓа до своите потрошувачи. Освен погонот за полнење вода се посетува и камената црква посветена на Св. Петка, заштитничка на лековитите извори , жените и децата. Црквата е подигната во 13. век, a е обновена истата година кога е изграден и погонот за полнење вода.

Луковска Бања:
Луковска Бања е оддалечена 58 км од Пролом Бања. Таа е највисока бања во Србија (681 мнв.) и е позната по големиот број извори на минерална вода со различен состав и температура. Хотелската служба за рекреација во Пролом Бања организира целодневни излети до Луковска Бања, со ручек во хотелите Копаоник и Јелак.

Цркви од XII век во Куршумлија:
Во Куршумлија, оддалечена 22 км од Пролом Бања, се наоѓаат првите задужбини на Стефан Немања од 12. век: Црквата Св. Никола и Црквата Св. Богородица. Излетот се организира во придружба на бањски водач , со посета на рановизантиската базилика и запознавање со знаменитостите на градот.

Неолитско наоѓалиште Плочник:
Неолитското наоѓалиште Плочник е оддалечено 28 км од Пролом Бања. Населбата стара 7500 години претставува богато наоѓалиште на артефакти од неолитска доба, кога на овој локалитет постоеле првите топилници на бакар на светот. На локалитетот може да се види реконструирана селска населба од тој период. Во близината на наоѓалиштето се наоѓаат и остатоци од Римски терми.