Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

Wellness третмани



Wellness центарот на Пролом Бања претставува ексклузивен комплекс во кој на природен начин се постига баланс на телото, умот и духот. Сите благотворни својства на лековитата Пролом вода, пареата и топлината служат за Ваше уживање, релаксирање и ослободување од секојдневниот стрес.

Во пријатниот амбиент на Wellness центарот имате на располагање:

Солена соба (Халотерапија) - се заснова на дозиран престој во простор изграден од камена сол, кој има лековита микроклима на природни солени пештери. Воздухот е заситен со најфини честици сол со многу микроелементи кои позитивно влијаат на човечкиот организам, така што се препорачува не само на оние со здравствени проблеми, туку и на здравите и на спортистите за релаксација. Престојот во солената соба позитивно влијае за поправање на расположението , отстранување на главоболието, јакнење на имунитетот, дишењето и работата на срцето.

Тепидариум– простор со клупи загреани од 37°C до 39°Ц, приближно на температурата на телото. Така се постига телото да испушта онолку топлина колку што и ќе прими. Истовремено, крвните садови се шират од топлината, со што крвотокот се подобрува, а со тоа имунитетот јакне. Со лежење на клупите, мускулите и нервниот систем се олабавуваат, а организмот се враќа во природен баланс. Тепидариумот се препорачува како подготовка за престој во парна бања.

Парна бања - или амам е третман во врел затворен простор со пареа која го поттикнува потењето и ги ослободува телесните токсини. Уживањето правилно треба да трае меѓу 10 и 20 минути, по што следи туширање со млака до студена вода за телото да се стимулира.

Сауна - Во сауната се користи многу висока температура за да се олабават мускулите и да се предизвика обилно потење и исфрлање на токсините. Престојот во сауната ги стимулира природните процеси на заздравување во организмот и намалување на болките во зглобовите и мускулите. Благодатта за корисниците на сауната е повеќекратна, a ефектот што се постига е физички и психички. Престојот во сауната го забрзува лачењето на серотонин (хормон на среќата) остварувајќи на тој начин психифизички баланс на целиот организам.

Џакузи базен и када - се користат за олабавување на мускулите, против вкочанетост и за релаксација. Со помош на топлина и притисок се остварува синергиски ефект, така што млазовите вода, третирајќи одредени делови на телото, даваат максимален ефект во релаксирањето.

Базен со Пролом вода - температура на водата е од 29 -31°Ц..