Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

Лековита кал

Indikacije

Природната лековита кал на Пролом Бања е од вулканско потекло и спаѓа во високоминерализирани пелоиди со значаен терапеутски ефект. Се применува кај хроничните реуматски болести, пост-трауматски состојби, оштетувања на периферните нерви од која и да било етиологија, кај дијабетесно микро и макро ангиопатија и полинеуропатии од разно потекло, проширени вени на долните екстремитети и кожни болести.

Лекувањето со пелоид ја зголемува локалната циркулација на крвта и лимфата, го забрзува метаболизмот, влијае на работата на ендокрините жлезди, има аналгетски ефект и благотворно дејствува кај хроничните реуматски болести. Регулирајќи ја неуровегетативната рамнотежа, пелоидите имаат општо седативно дејство бидејќи предизвикуваат пријатно расположение. Пелоидот на Пролом Бања ја прави кожата мека и мазна (козметички ефект), a под влијание на топлината се зголемува и еластичноста на кожата, отворањето на порите, па овозможува минување на состојки низ кожата во обете насоки (од пелоидот во организмот и обратно). Има изразени антимикробни и антифламаторни ефекти. Пелоидотерапијата има многу корисен ефект на кожата затоа што ја поттикнува нејзината регенерација, доведува до нормализација на работата на потните и лојните жлезди, пред сè така што го отстранува рожниот слој на кожата.

За тераписки цели, пелоидот на Пролом Бања се меша со Пролом вода, така што добива и особини на Пролом вода. По соодветна подготовка, се аплицира во вид на облога на заболениот дел на телото, a кај кожните болести се премачкува дел од телото или целото тело. Една процедура трае 20 до 30 мин. Поволен клинички ефект се забележува веќе по 3 до 4 последователни процедури, a најчесто е доволно 12 по ред.