Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

Лековита Пролом вода



Пролом водата припаѓа на групата води со високи балнеолошки вредности.

Ја карактеризираат:

1. Висока алкалност (pH 8,8 - 9,2) и изразита доминација на хидрокарбонатен јон - така што Пролом водата ја зголемува алкалната резерва на крвта со што ја забрзува елиминацијата на слободни радикали и други штетни продукти на метаболизмот,

2. Ниска минерализација - не ги оптоварува крвните садови, жолчните и бубрежните канали со соли и други минерали. Благодарејќи на своите единствени карактеристики, Пролом водата благотворно дејствува кај заболувањата на:

  • Бубрезите и мочните патишта,
  • Органите за варење,
  • Кожата,
  • Реуматизам.
Пролом водата има важна улога во превенцијата и зачувувањето на здравјето. Таа припаѓа на ретките води што можеме да ги пиеме цел живот.

Хемиски состав на Пролом водата:
Сув остаток на 180 Ц° 148 мг/л
pH 8,8-9,2
CO2(г/л) 0,0
Метесилициумска киселина <3,25 мг/л
Анализа (мг/л)
Катјони
Na+ 47,80
K+ 0,50
Ca++ <3,00
Mg++ <0,10
Анјони
Cl- 2,00
F- 0,12
SO4 3,00
HCO3 72,60
Анализа изврши: Институтот за рехабилитација Белград – Служба за балнеоклиматологија, 25.03.2014 година.