Планинка Пролом вода Луковска Бања Ѓаволја Варош

Дијагностика и третмани



Лекарски прегледи и третмани во Пролом Бања, освен во работни денови, можете да вршите и преку викенд и на празници за што подобро да го искористите секој ден поминат во нашата бања. Во хотелот е организирана и 24-часовна здравствена заштита.
По доаѓањето, Вашата здравствена состојба ќе ја провери дежурниот бањски лекар и ќе препорача третмани што Ви се најпотрбни. Можете да користите и контролни прегледи, a на крајот од престојот и завршни консултации со Вашиот лекар, со препорака за натамошно лекување и пиење лековита Пролом вода во домашни услови.

Дијагностика:

  • Прегледи кај бањски лекари специјалисти (по интерна медицина, дерматовенерологија, физикална медицина и рехабилитација) или лекари по општа медицина,
  • Прегледи кај лекари соработници (професори по урологија и дерматовенерологија),
  • Лабораторија,
  • Ултразвучен преглед на абдомалните органи, штитната жлезда и коскено-зглобниот систем,
  • Остеодензитометар - ултразвучно мерење на коскената густина.

Третмани:

Во медицинскиот центар на хотелот Радан можете да ги користите следните терапии:

Хидротерапија
  • Пиење лековита Пролом вода, во количина и по динамика што ќе ја препише бањскиот лекар,
  • Општи бањи во лековита Пролом вода,
  • Бисерна када – масажа со водени меурчиња, што ја подобрува циркулацијата и релаксира,
  • Подводна масажа – масажа со дозиран воден притисок,
  • Подводна масажа – масажа со дозиран воден притисок,

Лековита кал

Лековитата кал на Пролом Бања претставува комбинација на лековита Пролом вода и земја со богат минеролошки состав. Помешана со Пролом вода, калта се применува во вид на облоги или со директно нанесување на местата каде што има промени. Се аплицира како топла, студена или индиферентна. Има механички, термички и хемиски ефект. Калта на Пролом Бања ја забрзува циркулацијата, ги подобрува метаболичките процеси, помага кај хроничните воспаленски процеси.

Електротерапија
  • Интерферентни струи, Тенс, Диадинамик – со различно обликувани импулси и различни модулации на електрична струја се намалуваат болките предизвикани од каква и да е причина
  • Ултразвук – лекувањето со енергија на звучни бранови ја зголемува регенерацијата на ткивото, ги намалува болките и отоците, ги олабавува мускулите,
  • Ласер – меките ласерски зраци се употребуваат за лекување на рани и намалување на болки,
  • Магнетотерапија– импулсното магнетно поле помага да се намалат болките, да се забрза лекувањето на зглобен и вонзглобен реуматизам и кршеници и се постига подобрување на функционалното здравје на пациентот.

Кинезитерапија

Кинезитерапија претставува примена на движења за тераписки цели. Нејзини дејства се: зголемување на обемот на подвижноста на зглобовите, зголемување на силата и еластичноста на мускулите, подобрување на циркулацијата, создавање правилна шема на движењата и моторичката активност.



Рачна масажа
Рачната масажа претставува основни постапки на лекување, зачувување на здравјето и современи релакс програми
  • Класична рачна масажа (сегментална или масажа на целото тело) – го подобрува крвотокот, ги олабавува мускулите, ги намалува болките и смирува,
  • Рачна лимфна дренажа – најуспешна рачна масажна техника за елиминирање на отоци од разно потекло.

Со комбинација на етерични и растителни масла, разни масажни техники (лимфна дренажа, акупресура и рефлекснозонска масажа на стопалата) постигаме физичка и психичка релаксација.